Зошто се бакнуваме со затворени очи?

shutterstock_129310055

Кога се бакнувате, затворате ли очи? А прашувате ли зошто е така? Британски психолози од Лондонскиот универзитет го открија одговорот на ова прашање – излегува дека таа ненамерна акција што ја правиме повеќето луѓе додека ги притискаме усните во нечии други, се должи на нашиот мозок.

Според тимот на Поли Долтон и Сандра Марфи, „нашата сива маса“ избегнува да се оптоварува со дополнителни визуелни информации кога ги „обработува“ усните .

Дали бакнежот би бил романтичен, ако нашите очи се широко отворени?

Пред да пристапат кон тестовите со бакнежите, научниците направиле обиди со волонтери и ги измериле нивните реакции при допир на рацете. Тие требало да бараат букви со различен степен на тежина. Во исто време била измерена нивната реакција на слаби вибрации на раце.

Учесниците во експериментите биле помалку рецептивни на чувството на допир кога очите им биле натоварени со повеќе работа. Кај повеќето активности, луѓето имаат тенденција да се насочуваат кон сознанието.

Оттука тимот направил заклучок дека при активности кои вклучуваат чувство за допир, како бакнувањето, танцување и сексот, луѓето имаат тенденција да се фокусираат на допирите, наместо да се одвлекува вниманието со визуелна информација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *