Зошто кучињата уживаат во брзото возење?

picmonkey-collage47-1000x500-1000x500

Кучињата понекогаш знаат да бидат навистина смешни. Доколку сте возач и сопственик на куче, сигурно ви се случила ваква сцена – вие ја отварате вратата од автомобилот за да ставите нешто во него, а вашето милениче влегува внатре и удобно се сместува за уште едно лудо возење! Но, дали некогаш сте се запрашале зошто кучињата уживаат во брзото возење?

Кога ќе го изнесете вашето милениче на прошетка, тоа детално ќе го продушка секое местенце, а доколку сте трпелив шетач веројатно ќе обележи и некои територии. Замислете дека прошетката за вашето куче претставува истото што за вас претставува, да речеме седењето на интернет – многу различни информации може да се приберат на една кратка прошетка.

Во случајот со возењето во автомобил ова станува неспоредливо поефикасно, бидејќи сетилото за мирис кај кучињата е клучно за спознавање на светот во кој живеат. Вие можеби верувате дека вашиот миленик сака да ги гледа луѓето и другите животни низ прозорот од вашиот автомобил, но всушност тој само сака да собере што поголем број информации, па сосема јасно е тоа што неговата глава е сосема излезена, а неговиот нос прима стотици најразлични мирисни дразби. Ете, сега конечно знаете и нема причина да се лутите – вие уживате во брзиот интернет пристап, а вашиот миленик ужива во брзите возења!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *