Земјотрес ја уништи најубавата плажа во Грција

eg1

Доколку се уште ја немате посетено Лефкада, а планиравте да го направите тоа што поскоро, тогаш навистина немате среќа, бидејќи најубавата плажа, Егремни, која речиси секогаш се наоѓаше прва на туристичките понуди за ова место е целосно уништена. Имено, егзотичниот грчки остров овој вторник (17 ноември) беше погоден од силен земјотрес, во кој две жени ги изгубија своите животи.

Огромни карпи се стркалале од околните ридови, и во целост се слеале врз песочната плажа која секоја година ја посетуваат илјадници туристи, и која речиси секогаш беше вбројувана во листите за најубави плажи во светот.

Моментот бил забележан со камера од еден локален рибар, кој за време на земјотресот пловел во непосредна близина на брегот.

Резултатот од оваа природна катастрофа е целосно променет изглед на некогаш прекрасната плажа, во која беа „проголтани“ дури и оние препознатливи сини лежалки и чадори кои ја красеа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *