Здрави и вегански: Мафини од овесни снегулки

No-bake-dark-chocolate-peanut-butter-cookies-animation

Го знаете она чувство кога очајно ви се јаде нешто чоколадно и благо, меѓутоа не сакате да го прекршите ветувањето кое си го дадовте, дека ќе се храните поздраво? Во ваквите денови, рецептите како овој подолу се идеално решение. Ви ги претставуваме малите чоколадни-овесни залчиња, мафини направени од некалорични (колку што можат да бидат) состојки, како овесни снегулки, какао, кокосово масло, јаворов сируп… Тие се исто така вегански и безглутенски.

Мерата дадена во рецептот подолу е доволна за 9 нормални, или 18 мали мафини.

Состојки:

– 6 лажици масло од кокос, поделени
– ¼ чаша плус 2 лажици путер од кикирики, поделени
– ¼ чаша плус 1 лажица темен јаворов сируп, поделени
– ¼ чаша какао во прав
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 нотка сол
– 1 чаша овесни снегулки

No-bake-dark-chocolate-peanut-butter-cookies-animation

Подготовка:

1. Сместете девет (или 18) хартиени калапчиња во модлите за мафини.

2. Во мал сад на тивок оган, стопете 5 лажици кокосово масло и измешајте заедно 2 лажици путер од кикирики. Додадете ¼ чаша јаворов сируп, ¼ чаша какао во прав, 1 лажичка екстракт од ванила и 1 прстофат кошер сол. Кога целосно ќе се искомбинираат состојките, тргнете ги од оган и измешајте 1 чаша овесни снегулки. Со помош на лажица префрлете ја смесата во калапите. Додека ја правите смесата од путер од кикирики, оставете го садот во фрижидер, за мафините да се стегнат.

3. Во мал сад на тивок оган, измешајте заедно ¼ чаша путер од кикирики, 1 лажица јаворов сируп и 1 лажица масло од кокос. Додадете една лажица од оваа смеса врз веќе направените овесни мафини и оставете ги во замрзнувач 15 до 20 минути.

Уживајте!

No-bake-dark-chocolate-peanut-butter-cookies-002

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *