Здрави американски палачинки од само две состојки

pancake1(3)

За сите љубители на слатките кои сакаат да ги избегнат вишокот калории и нездравите намирници, овој едноставен рецепт за американски палачинки е идеален за вас. Денес ви ја прикажуваме здравата верзија на овој фамозен рецепт, составен од само две состојки:

– 1 банана
– 2 јајца

Подготовка:

Изгмечете ја бананата и изматете ги двете јајца во посебна чинија, а потоа помешајте ги и соединете ги состојките. Тестото е готово. Брзо нели? После ова едноставно сипете во загреана тава на тивок оган со малку путер.

Иако се чини навистина просто и едноставно, станува збор за вкусен и здрав рецепт кој сигурно ќе ви се допадне. За побогат вкус на палачинките можете на тестото да му додадете кокосово брашно или млеко, овесни житарици, јаткасти плодови или путер од кикирики.

Доколку сакате да го зачините малку тестото , додадете цимет и суво или свежо овошје. Секако, овој рецепт оди идеално и со чоколадо, меѓутоа, тогаш се губи диеталното својство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *