Здрав мусли појадок со јаболко

Muesli-and-apple

Појадокот е најважниот оброк во денот. Тој го активира и буди организмот и му дава енергија за почетокот на денот. Многу е важно вашиот прв оброк да биде богат со растителни влакна, витамини и намирници кои ќе ви дадат енергија и ќе ви ја зголемат концентрацијата.

Доколку сакате лесен, а хранлив утрински оброк тогаш задолжително направете го овој здрав мусли појадок. Најдобро од сè е што можете да си го спакувате и да го понесете на работа.

Состојки:

  • половина шолја овесни снегулки
  • 1,5 лажица суво грозје
  • 1,5 лажица сончоглед
  • 1,5 лажица ореви
  • половина шолја сок од јаболка
  • 0,25мл јогурт
  • половина лажица јаворов сируп
  • половина изрендана јаболка

Подготовка:

Едноставно измешајте ги сите состојки и прелијте ги со јогурт и јаворов сируп!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *