Зависноста од модерните технологии прикажана преку серија илустрации

screens-stealing-soul-sur-fake-antoine-geiger-25

Францускиот фотограф Антони Геигер е автор на еден необичен и кул проект наречен SUR-FAKE.

Преку серија илустрации на која се прикажани луѓе чии лица се „проголтани“ од екраните на нивните паметни телефони, Антони се обидува да ја прикаже денешницата во која живееме, и начинот на кој луѓето се зависни од нивните мобилни апарати.

Антони Геигер е 20-годишен фотограф кој живее во Англија, Франција и Холандија. Во последните две години тој имал четири изложби, а неговите дела биле објавени во голем број магазини, и онлајн страници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *