Забрзајте го растот на ноктите со едноставен домашен раствор

narandza-limun-nokti

Сакате да имате долги нокти но навистина бавно ви растат? Во текстот подолу ви нудиме рецепт кој ќе ви помогне да си ја остварите оваа желба.

Еве што ви е потребно:

  • малку маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • свежо исцеден сок од портокал

Подготовка:

Исечкајте го лукот на ситни парчиња и малку изгмечете ги. Помешајте ги со сокот од портокал. Спуштете ја раката во смесата и оставете ја така десетина минути. Потоа, во истата чинија истурете маслиново масло и оставете ги ноктите внатре уште 15 минути.

Доколку оваа процедура ја повторите барем два пати неделно, за кратко време ќе бидете пријатно изненадени од вашите убави, долги и негувани нокти.

За да ви биде појасно погледнете го и видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *