За совршени утра – сладолед од кафе и крем

1-DSC_00631

Вистинско освежување за летните утра, овој сладолед ќе биде вистинско решение за љубителите на кафе. Погледнете го рецептот и дознајте како се приготвува:

Потребни состојки:

  • 1,5 – 2 шолји силно кафе
  • 1 шолја слатка павлака

Подготовка:

1. Оставете настрана 1/3 од слатката павлака и додадете малку шеќер. Мешајте додека не се растопи.

2. Ставете малку слатка павлака на дното на секое калапче за сладолед.

3. Ставете ги калапите во фрижидер за да замрзне павлаката (околу еден час).

4. Измешајте го кафето со останатиот дел од слатката павлака и оставете ја смесат во фрижидер да се излади.

5. Внимателно сипете од изладената мешавина до врвот на калапите.

6. Покријте ги калапите со фолија и додадете им стапчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *