„Waterscape“ – ново име за луксуз на вода

waterscape-modular-floating-17535

Креирана за сите оние кои живеат или сакаат да поминуваат време покрај вода, „Waterscape“ платформата нуди неверојатно многу можности, а нејзиниот едноставен дизајн дефинитивно привлекува внимание.

Платформа 2

Австралискиот дизајнер Александер Лотерштајн креираше платформа со едноставен изглед, која може во целост да се вклопи во сечиј вкус со можност за качување на докот, светла кои лесно се менуваат од едно место на друго, па и мебел со висок дизајн. Начините на употреба се исто така многубројни, од место за сместување на хеликоптер, до подиум за танцување.

Платформа 3

„Waterscape“ многу брзо се најде на списокот на кандидати за „Good Design Australia Awards“.

Оваа платофрма има и посебен заштитен слој кој ја штити за да не настане штета со удирање или гребење. Кога ќе се стемни, таа има опциони ЛЕД светилки по должината на рабовите кои даваат суптилен отстај, а достапни се со едноставно пристикање на копчиња.

Делот на работ исто така нуди можност за додавање места за седење, сонцобрани, кутии со мраз, фрижидери, и многу други работи…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *