Женски фризури 2015: Во тренд е „fluid hair“ бојадисување

picmonkey-collage8-1000x500-1000x500

Како што минува времето се чини дека бојадиувањето на косата престанува да биде едноставна работа која многу жени ја прават во својот дом, и почесто станува специфичен облик на уметност. Оваа година имавме прилика да видиме голем број техники кои се обидуваат да го имитираат изгледот на косата како кога сонцето ќе создаде дискретни осветлени прамени на природната боја. А од неодамна на таквите техники им се придружи и една сосема нова – таканаречена „fluid hair“.

Ако досега се нервиравте што треба да седите по неколку часови во фризерскиот салон додека ви ја бојадисуваат косата тогаш оваа техника сигурно не е за вас. За „fluid hair“ е потребно време, трпение и лежење во фризерскиот салон, додека фризерот буквално слика на вашите прамени.

Очигледно акварелот се пресели од сликарсвото во фризерските салони, бидејќи познатaта К. Л. Кристоферсен создаде најнова техника која подразбира клиентот да лежи, додека на неговата коса се нанесува боја со лесни потези на четката со додаток на вода или друга течност која потоа се разлева и создава совршени прелевања најслични на природните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *