Архитектонска револуција: Во Амстердам стигнува првиот 3D печатен мост

13-visual-of-park

Освен волшебната архитектура, либералните закони, лалиња и фактот дека основно средство за превоз е велосипедот, Амстердам ќе биде познат по уште една атракција. Холандската стартап компанија MX3D овие денови ја почна изградбата на првиот светски функционален печатен мост за пешаци кој при завршувањето ќе се вгради преку легендарниот кварт Црвените фенери.

Технологијата на 3Д печатење на MX3D со шест оски работат роботски системи за заварување и со специјална верзија Аутодеск софтвери ги совладува ограничувањата кои постојат кај вообичаените 3D печатари потпирајќи се на 3 оски, бидејќи овозможува 3D печатење на метал или пластика без потпорна граѓа, пренесува Б92.

Технологијата овозможува изработка на силни комплексни структури од евтини и отпорни материјали без никакви ограничувања во однос на формата или големината.

За локација на изградбата избрано е градежно земјиште на напуштено пристаниште во Амстердам. По завршетокот на изградбата која ќе трае три или четири месеци, мостот ќе биде преселен и инсталиран преку каналот во квартот Црвени фенери.

Принципот е навистина едноставен. Вклучува два роботски системи, секој на една страна од мостот и во суштина печати структура во воздухот. Посебно проектираната роботска рака го загрева металот на 1.500 Целзиусови степени и го заварува металот капка по капка според нацртот во Аутодеск.

„До сега, роботските раце се користеа за печатење мали метални структури, а мостот ќе биде првиот голем проект во кој се применува оваа технологија, изјави потпаролката на MX3D Ема Џејмс.‟

„Ја споивме напредната техника на заварување со индустриската роботска рака‟, изјави дизајнерот на мостот Јорис Ларман. „Со користење на интелегентиот софтвер за управување со роботските системи можеме да печатиме многу комплексни форми кои секој пат се различни‟, рече Ларман за прокетот.

Основната цел на проектот е преземање на можноста за 3D печатење во изработката на конструкцијата и промена на начинот на кој ги доживуваме традиционалните методи за изградба. Партнери на компанијата MX3D на проектот се технолошкиот факултет во Делфт ТУ Делфт, градот Амстердам, Аутодеск и данската градежна компанија Хеијманс.

Според зборовите на шефот за технологија Тим Геуртјенс, квартот Црвени фенери е одбран поради важноста на својата локација и историското значење на делот на градот. Меѓутоа, тимот од MX3D има уште поголеми планови. „Мостот можеме да го изградиме веднаш преку реката (најголемата водена површина во Амстердам), но сакаме прво да го пробаме на некое помало место‟.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *