Вкусно потпечено пилешко за само половина час

pilesko

Ви здодеаја сложените ручеци кои ви одземаат по најмалку 2 часа во кујната? Ова потпечено пилешко веројатно ќе биде супер замена за која сите ќе мислат дека сте потрошиле часови подготвувајќи го.

Вкусниот ручек никогаш не бил поедноставен!

Потребни состојки:

  • 500g пилешки стек
  • 1l павлака за готвење
  • 2 кесички инстант супа од печурки

Подготовка:

Во сад за печење ставете го исечканиот стек, а потоа истурете ги супите од печурки.

Добро измешајте со раце и распоредете рамномерно. Потоа прелијте ја павлаката за готвење.

Ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу половина час, додека горниот слој не порумени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *