Вкусни страчатела коцки

7a314400e1783551c1f4e0457515b613_view_l

Сигурни сме дека на повеќето од вас еден од омилените вкусови на сладолед ви е оној со вкус на страчатела.

Бидејќи кој не ја обожава совршената комбинација на ванила, чоколадо и јогурт!

Бидејќи сè уште е релативно рано за сладолед ви предлагаме да направите вкусни страчатела коцки.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 150gr. шеќер
  • 200gr. јогурт
  • 100gr. рендано чоколадо
  • 5 лажици масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 ќесичка пудинг од ванила
  • половина прашок за пециво
  • 100gr. брашно

За крем:

  • 700ml. млеко
  • 2 ќесички пудинг од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100gr. бело чоколадо
  • 400gr. јогурт
  • 100gr. рендано чоколадо
  • 2 ќесички шлаг пена + 200ml. млеко
  • 1 ќесичка желатин во прав + 4 лажици вода

Подготовка:

1. За подготовка на кората одвојте ги жолчките од белките, и матете ги жолчките неколку минути со шеќер на најголема брзина, додека смесата не стане светла и пенаста. Во жолчките додадете го јогуртот, ренданото чоколадо, масло и ванилин шеќер и кратко промешајте со лажица. Соединете го брашното, пудингот и прашокот за пециво и додадете го и тоа во смесата. Добро промешајте со лажица.

2. Изматете ги белките додека не добиете цврста пена, и со лажица полека додадете ја смесата со жолчките. Ставете ја добиената смеса во сад обложен со хартија за печење и печете десетина минути на 200 степени. Откако кората ќе се олади, отстранете ја хартијата за печење, вратете ја кората во тепсијата и прелијте ја со 150ml. топло млеко.

3. Додека се пече кората започнете со подготовка на филот. Сварете го пудингот од ванила според упатството на ќесичката. Додека е топол додадете го белото чоколадо и промешајте за да се стопи. Оставете ја смесата покриена со пластична фолија целосно да се излади.

4. Изматете го ладниот фил од пудинг со миксер. Измешајте го желатинот со вода. Изматете ја шлаг пената (2 ќесички + 200 ml млеко). Додадете јогурт, рендано чоколадо и шлаг во филот и убаво промешајте со лажица. На крајот додадете желатин растопен на тивок оган, промешајте уште еднаш и прелијте го преку колачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *