Вкусни коцки со бело чоколадо

thumb (1)

Доколку сте расположени викендов за вкусен десерт, тогаш најдобра идеја е да се обидете да го подготвите самите. Денеска ви прикажуваме рецепт за неодоливи коцки со бело чоколадо.

Состојки:

– 150 гр. путер
– 1 чаша кафеав шеќер
– 1 јајце
– 1 лажица екстракт од ванила
– 1 чаша брашно
– 1/4 лажичка сол
– 100 гр. бело чоколадо (сецкано)
– 1/2 чаша путер од кикирики

Подготовка:

1. Во еден сад стопете го путерот. Кога ќе забележите дека добива кафена боја и се појават меурчиња тргнете го настрана.

2. Додадете го шеќерот и мешајте додека смесата не се измеша убаво, а потоа додадете ги и јајцето, ванилата и повторно промешајте.

3. На оваа смесата додадете ги брашното и солта постепено мешајќи.  На крај додадете го и сецканото чоколадо.

4. Смесата ставете ја во плех за печење и одозгора премачкајте ја со путерот од кикирики.

5. Печете ја 15 до 20 минути на 150°C, а потоа исечете ја на коцки.

6. По желба, откако ќе се изладат можете да ги пропрскате коцките со бело чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *