Вкусен колач со јаболки и ореви

apple walnut bundt cake 3 wm

Состојки

  • 4 големи јаболки
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја гриз
  • 100 мг суво грозје
  • 1 јајце
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажички рум
  • 1 шолја млеко
  • 1/4 шолја масло за готвење

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Излупете и изрендајте ги јаболките во голем сад. Додадете им ги оревите, гризот, шеќерот, маслото, јајцето, сувото грозје, млекото, прашoкот за пециво и румот и убаво измешајте за да добиете единечна смеса.

Намачкајте ја тавата за печење со путер и набрашнете ја. Истурете ја смесата во тавата и печете на 180 степени околу половина час.

Готовиот колач можете да го прелеете со чоколадна глазура или мармалад по желба.

Подготовка на ганаж за глазура

Одлична чоколадна глазура може да се направи од смесата со француско име ганаж (ganache), која претставува луксузен крем од чоколадо и слатка павлака и која, зависно од густината може да се користи како глазура, прелив, мус или за полнење на колачи.

Ганажот за чоколадна глазура се добива со мешање на чоколадо и слатка павлака во размер 1:1. За ганаж со идеална цврстина и интензивно темна боја потребно е да се користи квалитетно чоколадо, кое содржи повеќе од 60% какао.

Најдобар резултат се добива со топење на чоколадото со павлаката во садови на пареа. Чоколадото може да се растопи со директно загревање на чоколадото и павлаката, или со прелевање на загреана слатка павлака преку чоколадото, но со внимавање да не дојде со вриење. Препорачливо е чоколадото да се иситни на мали парчиња, бидејќи така ќе се задржи деликатниот вкус на чоколадото и ќе добиете мека кадифена структура. Во текот на топењето, но и ладењето, треба да се внимава чоколадото да не дојде во допир со вода или со водена пареа, на пример преку покривање на садот, бидејќи може да дојде до згрудчување на смесата.

Освен чоколадо и слатка павлака, во ганажот можете да додадете и други состојки како путер, кој на глазурата и дава исклучително сјаен изглед, потоа ароми како рум, ванила или портокал. Исто така, за посладок вкус можете да додадете и шеќер. Во текот на загревањето треба да се внимава смесата да не меша со груби движења, бидејќи на тој начин ќе навлезе воздух и може да дојде до згрудчување.

Ганажот може дури и да го замрзнете и да го чувате до 9 месеци. Одмрзнувањето е едноставно, а се прави со садови на пареа.

Глазирање

Откако ќе ја приготвите глазурата почекајте да се олади на собна температура или на малку повисока (околу 30 степени) пред да почнете со прелевање на колачите или тортата. Воедно треба да внимавате и на температурата на колачот кој го прелевате. Имено, тој не смее да биде премногу ладен, бидејќи тогаш глазурата ќе се стврдне пред да ја распоредите размномерно.

Идеално би било колачот кој се прелева да се стави на решетка за вишокот од смесата да истече, а по ладењето на евентуалните вишоци на тлото можете да ги отстраните со нож.

Сечење

За глазурата да не се скрши при сечењето на тортата потребно е да користите остар и тенок нож кој пред секое сечење ќе го натопите во сад со топла вода.

Кога ќе се олади колачот исечете го на баклави и уживајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *