Виена го слави јубилејот на куќата на Моцарт и „Theater an der Wien“

New porch roof for the Theater an der Wien, Vienna by Architect Golmar Kempinger-Khatibi, Vienna, Austria.

Две големи музички институции од Виена следната година слават десетгодишнини од своето постоење. Оперската куќа „Theater an der Wien“ и куќата на Моцарт во Виена со серија пригодни настани ќе ги одбелажат своите јубилеји.

Оперската куќа „Theater an der Wien“ важи за една од најубавите бини со најдолга традиција во Виена. Изградена е во 1801 година во духот на Моцарт и од 2006 година претставува нова оперска куќа во австриската престолнина.

Почетокот на прославата на десетогодишнината од јубилејот ќе се одбележи на 13 јануари 2016 година со премиерата на „Опера за три гроша“ од Курт Вајл. Потоа ќе се оддржат и два гала концерта: Бетовеновиот „Фиделио“ под диригентска палка на Николаус Харнонкур на 17 јануари и Моцартовиот „Идоменео“ со Рене Јакобс на 22 јануари.

Оваа оперска куќа е позната по својата современа естетика и висок музички квалитет на оперски продукции од барокот и денешницата. Секој месец на репертоарот се наоѓа по некоја премиера, концерти и танцувачка програма, а во минатото беше место за оддржување и на некои историски премиери, како што беше премиерата на Бетовеновата единствена опера „Фиделио“.

Прославата на јубилејот на куќата на Моцарт ќе се одржи на 27 јануари 2016 година кога се одбележува и 260-годишнината од раѓањето на Волфганг Амадеус Моцарт. Оригиналниот зачуван стан на овој музички гение, на првиот кат од зградата, е средиште на куќата посветена на овој композитор. Во тој стан Моцарт живеел од 1784 до 1787 година и создавал дела како ни на едно друго место.

Програмата посветена на овој јубилеј се занимава со многубројните дела на Моцарт што тука настанале, како што се светски познатата опера „Фигаровата свадба“, гудачките квартети посветени на Јозеф Хајдн и единаесетте концерти за клавир.

Покрај опусот на Моцарт тема на јубилејот ќе биде и циклусот концерти „Академијата на Моцарт“, славниот негов ривал Антонио Салијери, потоа операта на Моцарт за деца, како и хитот „Рок Ме Амадеус“ со која австрискиот музичар Фалко стекна светска слава во осумдесетите години од минатиот век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *