Видео: Бенкси ја посети Газа

banksy2-1000x500

Графити мајсторот Бенкси ја посети Газа за да сними мини-документарец за животот во оваа област која е измачена од воените конфликти со Израел.

Во краткиот филм кој е поставен на официјалната веб-страница на Бенкси, може да се види како овој уметник влегува во оваа строго контролирана зона преку подземни тунели. Како што се очекува од него, ова видео укажува на страшната ситуација во Газа (каде што 2 200 Палестинци се убиени во минатогодишниот израелски напад), користејќи сатиричен тон, бидејќи тој ја претставува Газа како „ексклузивна локација“ која локалното население толку ја сака што не сака да ја напушти („а не им е дозволено да заминат“).

Меѓу рушевините Бенкси нацрта графит од грчката божица Ниоба како плаче. Исто така, тој нацрта голема мачка која си игра со метална топка, а на прашањето од еден Палестинец што значи графитот, Бенкси одговара дека со тоа сака да го сврти вниманието на степенот на уништување во Газа, а е свесен дека луѓето на интернет се заинтересирани само за интересни слики од мачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *