Велосипед за вежбање кој ги пере алиштата

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-14

Велат, голем успех е кога „ќе убиеш две муви со еден удар“, а токму таков е овој необичен изум кој денеска ви го претставуваме. Станува збор за таканаречената „Велосипед машина за перење“ („Bike Washing Machine“), или кратко наречена BiWa.

Овој статичен бицикл е дизајниран од страна на група кинески студенти од универзитетот во Далиан. Педалите го придвижуваат тапанот и генерираат електрична енергија за напојување на мониторот. Вишокот енергија е сочуван за понатамошна употреба на батеријата.

На овој начин, добивате машина за вежбање и согорување калории, која во исто време ги пере вашите алишта. Не е премногу да се признае дека мотивацијата за слабеење никогаш не била поголема.

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-15

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-14

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-13

exercise-bike-washing-machine-dalian-nationalities-university-china-5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *