Вечерва се отвора Скопскиот филмски фестивал со филмот „Медена ноќ“

plakat-vertikalen-sff-2015-preview

Во киното Милениум, вечерва, петок, 17 април, со почеток во 20 часот, Скопскиот филмски фестивал свечено ќе биде отворен со светската ремиера на македонскиот филм „Медена ноќ“. Годинашново издание на СФФ ќе го прогласи за отворено режисерот Иво Трајков.

Екипата на филмот ќе се поклони пред публиката по проекцијата. Фестивалската програма продолжува во кино Милениум, во 22 часот со филмот „Турист“, на режисерот Ruben Ostlund (119 мин.)

Се работи за шведско-француска-норвешко-данска копродукција, елегантна психодрама во која режисерот нѐ поканува искрено да се погледнеме самите себеси. Тој ни ги покажува нашите недоследности, обидувајќи се да нѐ фати во нашите најлоши хипокризии. „Турист“ е застрашувачки филм кој ја соголува нашата фасада со цел да ни ја покаже ледената вистина која лежи под неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *