Вечерва ќе има Сина месечина: Што ја прави толку посебна?

Moon-blue-14273818-900-675

Денеска на небото нé очекува настан кој се случува многу ретко – Сина месечина. Ако излезете надвор вечерва, ќе видите полна, светла месечина.

За жал, нема навистина да биде сина – овој термин оддава погрешен впечаток. Всушност, сината месечина не е ништо поразлична од вообичаена полна месечина.

Во минатото, сината месечина означувала ретка астролошка појава, но денес името е дадено на секоја полна месечина која се појавува за втор пат во еден календарски месец. Месечевиот циклус трае околу 29 и пол дена, а месеците во годината се долги помеѓу 28 и 31 ден. Можноста за полн месечев циклус, од една полна месечина до друга, кој се случува прецизно во овој временски интервал, е многу мала.

Според оваа дефиниција, наредната сина месечина ќе се случи на 31 јануари 2018 година, околу 2 и пол години од денес. Сина месечина ќе има и два месеци подоцна, на 31 март 2018, после што повторно ќе има пауза од околу 2 години.

Терминот „сина месечина“ еволуирал низ изминатите 200 години. На почетокот, сината месечина се базирала на комплицирана комбинација од околности. Во една астрономска сезона, нормално има 3 полни месечини, а ако има и четврта, тогаш таа би била сината месечина. Сепак, сето ова се променило кога астрономот-аматер Џејмс Хју Прует напишал статија за магазинот Sky and Telescope во 1946 година. Тој дефинирал дека сина месечина е секоја втора полна месечина во еден календарски месец. Оваа дефиниција била неточна, но е многу полесно да се разбере од претходната, па светот решил да се води според неговата дефиниција.

Можеби ве разочарува фактот дека месечината вечерва нема да биде сина, но кога станува збор за бојата, сина месечина навистина можела да се види неколку пати во минатото, но под многу особени околности. Вообичаено, ваквата месечина може да се види после вулканска ерупција или шумски пожар, кои ослободуваат партикули кои се креваат во атмосферата. Овие честички имаат совршена големина за да ја разнесуваат црвената светлина, овозможувајќи ѝ само на сината светлина да се разнесува низ облаците од прашина. Сината месечина секогаш се „издигнува на пепелта“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *