Вечер во МКЦ концерт на The Soft Moon

download

Вечерва, со почеток во 21 часот, во просториите на МКЦ – СКопје ќе се оддржи концерт на музичката група The Soft Moon.

The Soft Moon е американски neo-post-punk бенд од Оукленд. На почетокот, во 2009, The Soft Moon е само соло-проект на главниот продуцент, пеjач, композитор и инструменталист во бендот, Луис Васкез. Тој издава два сингла, „Breathe the Fire“ и „Parallels“ и истовремено работи на неговото прво Self Titled ЛП. Пред издавањето на плочата, Васкез вложува енергија да создаде бенд од овој соло-проект, за да може да оствари потполно чувствено искуство преку лајв-перформансите. The Soft Moon користат и визуелни елементи на сцена како придружен дел од нивните настапи, кои често вклучуваат и лајт-шоуа. Нивната музика е спектар од повеќе жанрови како краутрок, пост-панк, психоделија, world music и дарквејв.

Настапот во Скопје е во рамките на големата европска турнеја на која го промовираат новиот албум „Deeper“. Вечерта ќе ја отвори американскиот артист, стациониран во Берлин – Phase Fatale со настап во живо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *