Вчерашниот протест преку фотографии

1484366_628332557302965_8628725559707868061_n

Откако беа спречени од бројните полициски кордони мирно да протестираат пред Владата, групата демонстранти се упати кон Собранието, а попатно им се придружија уште неколку групи кои беа спречени од другите страни. Веќе кон „Рекорд“ беше забележливо дека бројката се зголеми на неколку илјадници луѓе, кои без некакви инциденти извикуваа: „Нема правда, нема мир“, „Убијци“ и „Оставка“.

За разлика од инцидентите кои се случија на протестот на 05.05, каде имаше голем број на повредени и приведени, вчерашниот помина без некакви несакани настани. Кон самиот крај на протестот се појави група која имаше намера да предизвика немири, но беше успешно спречена од останатите демонстранти.

Потсетуваме, протестите се организирани откако опозицијата ги објави прислушуваните разговори на високи владини функционери, во кои се слуша како власта се обидува да го прикрие убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски, ноќта по изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Протести беа одржани и во Прилеп и Битола.

Братот на Мартин, Александар Нешковски, кој се јавува како еден од главните организатори, повика на секојдневни протести со цел министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, да поднесе одговорност и да си даде оставка.

И денешниот протест е закажан во 18 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *