Важни работи што секоја жена треба да ги направи пред брак

Marriage-proposal-647x395

Неколку експерти за врски за магазинот WomensHealth открија кои работи треба секоја жена да ги направи пред да стапи во брак.

1. Разговарајте за иднината

Идеален свет не постои, човекот е роден секогаш да копнее по нешто што го нема или сака да го има. Разговорите со партнерот за иднината треба да се вртат околу тоа што навистина го сакате (пари, место на живеење, работа, деца и слично), односно околу заедничките цели во животот. Подобро е на време да ги дознаете овие работи отколку потоа, кога може да биде предоцна.

2. Создадете живот каков што сакате, без партнерот

На тој начин кога еднаш ќе влезе во вашиот живот, вие веќе сте ги поставиле темелите. Не зависите од него, а на тој начин имате повеќе шанси да најдете некој кој ќе ве почитува и вас и вашите желби.

3. Дознајте што ве возбудува

Откријте што е тоа што ви годи во сексот, искрено кажете му на партнерот што сакате или посакувате. Тој ќе ја почитува вашата искреност, бидејќи ниту еден маж не знае да чита мисли.

maxresdefault

4. Научете како да бидете сама, но не и осамена

Обидете се да испланирате некоја вечер посветена за вас или излезете сама на вечера. Набргу ќе сфатите дека тоа што ќе одберете да го правите во тој момент претставува тоа што вие сакате да го правите. Ако имате хоби во кое уживате ќе го поттикнете и партнерот да ужива во своето, на тој начин ќе изградите здрава врска.

5. Составете листа од пет карактеристики што би сакале да ги поседува вашиот партнер

На пример, можеби ви е битен неговиот стил на живеење и слично. Со текот на времето приоритетите во животот се менуваат, па сменета ја и листата, составете нова. Ако мажот со кој се подготвувате да стапите во брак не поседува ниту една особина од листата за кои сметате дека се битни, тогаш пред бракот е идеално време да размислите за врската и вашиот живот.

6. Договорете се за финансиите

Можеби сега сами се грижите за финансиите и сметките, но кога ќе стапите во брак тогаш ќе делите заедничка сметка. А, тоа може понекогаш да испадне непријатно. Со оглед на тоа што луѓето во брак најчесто се расправаат за пари, најпаметно е пред бракот да разговарате за потенцијални долгови, заштеда, кредити и слично, за да знаете со што располагате, односно дали размислувате на истиот начин.

7. Научете како да бидете фер

Кога станува збор за караниците, ќе ги има. Некогаш повеќе, некогаш помалку, но тие се дел од животот. За да бидете фер секогаш треба да го ислушате партнерот и да не се инаетите, односно не може секогаш да биде по ваше. Најважно е да го изнесете личниот став и да го сослушате неговото мислење, за потоа да најдете решение кое е најдобро за двајцата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *