Улична герила: Црта пениси на дупките на улиците

adsad-1000x500

Уличниот уметник познат под името „Wanksy“ најде начин да ги поттикне надлежните побрзо да ги закрпат дупките на патиштата. Тој започна да црта пениси околу нив. И неговата идеја навистина функционира! Работите тргнаа на подобро. Ако ова се случува кај нас тој би имал полни раце работа, со оглед на тоа што нашите патишта изобилуваат со дупки.

„Wanksy“ живее во Англија и откако еден негов пријател се повредил поради дупка на патот, тој решил да ги преземе работите во свои раце. Користејќи индустриска креда, тој на интересен начин го привлекува внимането на надлежните. Бидејќи што би привлекло поголемо внимание од огромен фалус на патот?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *