Убава коса и нежна кожа со сок од портокал

orange juice

Една чаша сок од портокал дневно може да придонесе косата, кожата и ноктите да изгледаат добро и да се здрави и отпорни на штетните надворешни влијанија.

Ползата доаѓа од витаминот Ц, калиумот и фолната киселина кои ги има во сите цитруси. Витаминот Ц е неопходен за производството на колаген и лутеин, компоненти кои ја одржуваат кожата еластична и млада.

Жолтиот пигмент е поврзан со намалување на штетата предизвикана од сонцето и се смета дека ја зголемува еластичноста на кожата.

200 мл сок од портокал обично содржи 60 мг витамин Ц, што претставува 100% од дневната препорачана доза за возрасни.

Жените посветуваат поголемо внимание на козметичките продукти што ги употребуваат, отколку на тоа која храна може да има позитивен ефект на убавината.

Ништо не може да ја нахрани вашата кожа, коса и нокти како она што го внесуваме внатре во нас преку храната што секојдневно ја конзумираме. Овошјето и зеленчукот се вашите најголеми помошници во служба на убавината. Не го заборавајте ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *