Трикови кои ќе ви помогнат да бидете продуктивни уште на самиот почеток на денот

jutra-1000x500-1000x500

Денес ќе ви откриеме неколку трикови со кои и вашето утро ќе биде продуктивно! Почетокот на денот обично не е време кога сме спремни да го покажеме својот максимум, меѓутоа и таквите околности може да се променат само ако знаете како…

Сетете се само на разликата меѓу оние денови кога имате многу обврски во вашиот распоред и на начинот на кој го обавувате она што се очекува од вас, во тие моменти сигурно сте подготвени да го дадете својот максимум, но како да бидете такви секој ден?

Тајната, како и обично, се крие во добрата организација, но особено во начинот како да се заинтересирате секогаш да го давате својот максимум, дури и кога ви се чини дека не сте во состојба. Најпрво потребно е да замислите како читате книга или гледате филм, и во моментот кога работите стануваат сосема забавни вие прекинувате поради дадената работа. Едно прашање ќе ви ја објасни тајната на оваа техника – колку брзо ќе завршите со своите обврски само за да продолжите да ја читате таа возбудлива книга или да го завршите започнатиот филм?

Оваа техника се нарекува и техника на вртење на страница и се покажала како одлична помош на сите оние кои имаат проблем со продуктивноста. Се советува дека доколку работите на конкретен проект со кој имате тешкотии или на кој не ви се работи, да паузирате кога тој е на половина, а потоа додека го довршувате тој, почнете да размислувате за некој кој би имал врска со овој, но би бил сосема нов проект и добрите идеи задолжително забележете ги на лист. Најважно е да ги подготвите задачите за следниот ден и да ги запишете, па така однапред ќе знаете кои ви се обврските и кои деловни цели треба да го одбележат новиот ден.

Како да ја користите оваа техника ако немате работа

Прво, замислете си ја целта која сакате да ја постигнете. Ако е тоа работа во одредена компанија или на одредена позиција обидете се детално да ги замислите сите работи кои би биле поврзани со оваа работа. А потоа започнете со барање работа, и не праќајте по 50 мејлови во еден ден. Распоредете ги обврските околу аплицирањето на седум работни денови, но бидете посветени и на крајот на денот задавајте си нови обврски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *