Три оброци на ден се штетни за организмот?

20867987455004bdb6a7b8870846831_640x428

Прескокнувањето на оброците би можело да има благотворно дејство на општата здравствена состојба од вообичаената навика во исхраната, тврдат експерти.

Имено, историчарот Ебигејл Керол и новинарот Кјер Батлер наведуваат дека ваквиот систем на исхрана претставува европско „творештво“, со сила наметнато од американските староседелци кај кои исхраната често варирала во зависност од годишното доба, и вклучувала бројни пости.

Керол и Батлер истакнуваат дека ниту едно научно истражување до сега не ги потврдило благодетите од наведениот режим, а појадокот, кој наводно претставува најважен оброк во текот на денот, е најпогоден начин за компаниите кои се занимаваат со производство на овесни снегулки и разни видови на житарици и мусли, да манипулираат со потрошувачите.

Како главен аргумент за ова тврдење, тие ги наведуваат истражувањата од Универзитетот во Алабама, кои прикажале дека прескокнувањето на појадокот воопшто не влијае на вкупниот број калории внесени во текот на денот.

Одредени истражувања направени врз глувци, а објавени во „Cell Metabolism“, покажале, исто така, дека оние поединци кои добивале храна само два пати на ден, и тоа околу девет часот наутро и пет часот на пладне, во просек биле значително поздрави и послаби од оние кои јаделе три пати на ден.

Керол и Батлер воедно тврдат дека постите имаат благотворно дејство врз организмот. Тие го намалуваат крвниот притисок, предизвикуваат слабеење и го продолжуваат животниот век.

Благодарение на постите, организмот троши големи количества на масти и шеќери, ги елиминира изумрените ќелии, со што се поттикнува имунолошкиот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *