Три летни десерти готови за неколку минутки

PicMonkey Collage

Иако нашите баби и мајки поминувале часови во кујната за да подготват десерт за целото семејство, вие не морате. Ви претставуваме три извонредни рецепти кои може да ги направи секој од нас и тоа додека да трепнете.

Овошен куп

Овој едноставен рецепт просто ќе го обожувате, а ќе ви бидат потребни само 7 минути да го подготвите.

Потребни ќе ви бидат само неутрална павлака, микс на бобинки по желба и корнфлекс.

Со миксерот изматете 500 мл неутрална павлака и по желба додадете една кесичка ванилин шеќер.

Потоа во голема чаша за коктел, наредете еден ред павлака, ред овошје и ред корнфлекс, додека не се наполни чашата.

Оставете ги чашите да се оладат во фрижидер и пред служење попрскајте ги одозгора со какао или со цимет.

Чоколаден мус

За овој сладок чоколаден десерт потребни ќе ви бидат 500 мл неутрална павлака и 70 гр чоколадо за готвење.

Неутралната павлака изматете ја со миксер и додадете го претходно растопеното чоколадо на пареа. Потоа со рачно мешање соединете ги состојките. Добиениот мус оставете го да се олади, а потоа можете да го послужите со свежо овошје или со бисквити, по ваша желба.

Тирамису во чаша

Од сега овој прочуен италијански рецепт можете да го подготвите за неколку минути со малку труд.

Сè што ви е потребно е 500 мл неутрална павлака, едно пакување пишкоти, една шолја филтер кафе (може и нес кафе), кесичка ванилин шеќер и две жолчки.

Изматете ги двете жолчки со миксер заедно со една лажичка шеќер и потоа додадете ги во претходно изматената неутрална павлака со ванилиниот шеќер.

Во стаклен сад или во голема стаклена чаша, поставете ред пишкоти претходно потопени во кафето, врз нив слој фил, па потоа повторно пишкоти и на крајот повторно фил. Одозгора попрскајте со какао и оставете го десертот да се излади во фрижидер.

Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *