Тренд: женски костими за капење за 2015 година

picmonkey-collage40-1000x500

Во пресрет на летните високи температури, гласните бранови и топлиот песок  време е да ги разгледаме годинашните трендови на костими за капење.

Оваа година на плажите ќе можеме да видиме бикини со тропски елементи, едноделни костими за капење со симпатичен пеплум и костими за капење без прерамки со геометриски детали.

Бикини

Меѓу трендовите на костими за капење за жени, оваа сезона на прво место се бикините, а во тренд ќе бидат костимите со реси, карнери, цветови, морнарски линии и животински принтови.

Едноделни костими за капење

Едноделните костими за капење може да бидат исто толку секси како и бикините. Оваа година може да изберете меѓу креативни тропски, цветни, морнарски и геометриски принтови.

Костими за капење без прерамки

Оваа година изборот на женските костими за капење без прерамки е богат, па можете да изберете костим со проѕирни елементи и заводлива фигури, но исто така и винтиџ модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *