Трагајќи по познатите филмски локации

Forrest-Gump1-1000x500

Ако сте искрени љубители на одреден филм или серија тогаш сосема е можно во некој момент да се интересирате и за ситници кои се поврзани со вашиот имагинарен свет на херои. Често пати тие светови се сместени на конкретни локации кои можете да ги пронајдете на мапа, кои имаат точна улица и број, па лесно може да дојдете до адресата на која вашиот омилен јунак за прв пат се заљубил или открил дека има некакви посебни моќи – и така започнува…

Една група млади ентузијастични луѓе создаде веб-страница на која можете да најдете многу интересни информации за локациите кои биле дел од некои филмски или сериски сценографии. Можеби на прв поглед не ви се чини интересно, но кога за прв пат ќе ја посетите страницата Fangirl Quest и ќе ги видите фотографиите, ќе сфатите дека работата со која се занимава оваа екипа не е баш лесна, но е преполна со прекрасни моменти во кои се вкрстуваат реалноста и светот на филмовите.

Во овој неверојатен двоен свет, малкумина ќе останат рамнодушни и кои барем по некое време нема да се вратат или на конкретното филмско остварување или на географската точка каде што сè започнало.

 

Breaking Bad

 

Batman Begins

 

Breaking Bad

 

Breaking Bad

 

 

Doctor Who

Forrest Gump

Game of Thrones

Game of Thrones

Harry Potter

Sherlock

The Walking Dead

Forrest Gump

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *