Топ 7 модели на обувки за лето 2015 година

image001(1)

Доаѓа летото, а со него и топлото време, фустанчиња и здолништа, кратки шорцеви, тенки маички и лесна облека! Трендовите се менуваат од година во година, некои се задржуваат подолго, а некои траат само една сезона.

Кога станува збор за обувките тука се старите модели, но се појавија и некои нови кои допрва ќе ја освојуваат модната сцена.

Денес ви откриваме кои летни модели се носат оваа сезона. Погледнете го списокот и веднаш упатете се на шопинг по вашиот омилен пар сандали, мокасинки или салонки…

1. Плетен дизајн – Плетенки во косата, но и плетенки на обувките се вистински хит оваа сезона! Сандали – како рамни така и на потпетици – со плетени детали се нешто што мора да го имате ова лето. Бохо стилот од 70-тите години се врати, а со него и ретро трендовите.

2. Стилето салонки – Салонките со шпиц се повторно во мода и тие никогаш не биле поженствени. Одберете модели во некои јаки бои или кремасти или бели – тие ќе ви ги издолжат нозете, а ќе одговараат со сите комбинации. И задолжително да бидат од превртена кожа бидејќи изгледаат понежно.

3. Со ременчиња – Ременчињата се детали кои ќе бидат доста барани оваа сезона кога станува збор за летни обувки. Одлично е тоа што сандалите се многу поудобни и стабилни кога имаат ременчиња, а истовремено изгледаат ефектно и впечатливо.

4. Спортски балетанки – Удобноста доби ново име! Сигурни сме дека овие модели на обувки меѓу балетанки и патики ги гледате на секој чекор. Удобни се, модерни, лежерни, може да се носат во опуштени варијанти, но и на работа, факултет или на училиште. Се нудат најразлични модели и дезени, на вас останува само да ги одберете оние кои најмногу ви одговараат.

5. „Color blocking“ –  Блоковите во боја се вистински хит оваа сезона! Обувките со ваков дизајн изгледаат феноменално и што е најважно одлични се за комбинирање со секоја комбинација, а ќе ја освежат и онаа наједноставната. Можете да ги одберете оние во комбинација со силни летни бои или да се одлучите за неутрални пастелни нијанси.

6. Рамни платформи  – Сандалите со дебела рамна платформа  стана вистински хит оваа сезона. Освен тоа што се многу удобни, речиси како патики, тие ги издолжуваат нозете. Одлично се комбинираат со панталони и здолништа.

7. Коцкасти потпетици – Популарноста на коцкастите потпетици не се намали оваа сезона. Во бутиците ќе најдете бројни модели на обувки со вакви потпетици – кратки чизми, сандали, салонки. Овие потпетици се многу удобни па се идеални за оние кои сакаат обувки кои се сигурни и со кои нема да имате маки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *