Топ 5 нови начини за нанесување на туш за очи

????????

Тушот за очи е тренд во шминкањето веќе подолго време, а се чини дека ќе биде присутен и во следните сезони. 

Освен класичната линија над горните трепки мејкап артистите започнаа да експериментираат и да нанесуваат туш на сосема нови и неочекувани начини проширувајќи ја сферата на употреба на овој производ.

Доколку ви е здосадено од вообичаеното шминкање обидете се со некоја од овие оригинални нови идеи за исцртување со туш за очи. Погледнете ги петте најпопуларни:

1. Нагласување на преклопот на окото (орбиталниот лак) – Нанесете туш за очи онаму каде што никогаш никој не ставил – на просторот меѓу капакот и веѓите – на орбиталниот лак. Темната линија на ова место му дава сосема нов изглед на окото.

За да направите ваква линија започнете со ненашминкано око или ставете само беж или бела сенка. Најдобро е да користите туш со коса четкичка и да извлечете јасна линија. Ова дополнително ќе ги нагласи контурите на окото и ќе му даде длабочина.

Доколку црниот туш на ова место ви е пренападен, одберете некој во посветла боја – кафеав, бел, розов, златен или сребрен. Сите ќе изгледаат фантастично.

 2. Мачкини очи -„дух“ – Има ли подобар изглед од мачкини очи? Благодарение на ваквата шминка ќе добиете инстант секси поглед. Идејата за „дух“ е да го исцртате само оној најважниот дел од мачкината линија – триаголникот на надворешниот агол од капакот без да ја исцртате линијата над трепките.

За да го добиете овој изглед започнете да извлекувате линија од надворешниот агол на окото но не продолжувајте кон трепките, туку затворете го „триаголникот“. Професионалните шминкери истакнуваат дека вака исцртаните очи одлично ги истакнуваат трепките.

3. „Празнина“ на долните трепки – Тушот кој потполно ги исцртува очите е минато. Шминкерите ви препорачуваат да оставите празнина на средината на долната линија на трепките. Ова ќе ги направи вашите очи значително покрупни.

Нанесете туш најпрво на горните трепки, а потоа на долната страна на внатрешниот и надворешниот агол. Земете тесна четкичка за да го размачкате тушот и да добиете замаглена линија.

4. Впечатливи бои – Ако можеби класичната линија со тушот е вашиот единствен избор, тогаш зошто барем не се обидете да употребите впечатливи бои и на тој начин да го освежите вашиот изглед. Нема ништо полошо од рутина во шминкањето. Па затоа веднаш набавете си туш во боја.

5. Двојна линија – Извлечената линија од горниот капак со паралелна линија на долниот капак ќе направи сите да го забележат вашиот поглед. Уште ако употребите туш во повпечатлива боја…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *