Тие ќе ви ги заштитат зглобовите и ќе ви прават друштво додека работите

PicMonkey2-1000x500

Можеби останатиот свет смислува како да завладее со планетата, но Јапонците прават ситници кои колку и да изгледаат необично, навистина се потребни во секојдневниот живот, во рутините, работата и одморот. Сите кои минуваат осум часа дневно работејќи пред компјутерот знаат колку е важно да се движат, да се занимаваат со некоја физичка активност или да ги чуваат своите зглобови за да не доживеат различни ревматски и невролошки пореметувања кои настануваат поради тоа што одредена група мускули се форсира повеќе одошто е здраво. Од тие причини, една јапонска компанија создаде перничиња кои ќе ги обожаваат сите луѓе чие работно место е врзано за компјутер и тастатура…

Овој пат нудат нешто многу симпатично за вашите зглобови на рацете, додека вие неуморно куцате на тастатурата. Со оглед на тоа што различни испитувања покажаа дека неправилно ги држиме рацете, што е непријатно за коските, овие перничиња ќе ви помогнат да ги спуштите рацете на нив, без да ги намалите работата и продуктивноста.cute-pc-wrist-rest-cushion-japan-1-660x471

Јунаците на перничињата се одбрани според веќе постоечката аниме традиција, но веруваме дека ќе си пронајдете некој кој ви е најсимпатичен. Просечната цена во моментов изнесува околу 48 долари и можат да се нарачаат преку интернет. Ваше е само да одлучите дали ќе ја дочекате иднината со плишани јунаци или со болки во зглобовите.

cute-pc-wrist-rest-cushion-japan-10-660x516

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *