The volcano house: би живееле ли во куќа на врвот на вулкан?

imagereader-1000x500

Заборавете на куќа на карпа, ако сакате да се живее храбро купете си дом на врвот на вулкан.Сега ви се нуди идеална можност да ја реализирате оваа бизарна желба, бидејќи на еден мал вулкан во пустината Мохаве, Калифорнија се продава куќа. Таа може да биде ваша за само 650 илјади американски долари.

Ако сте загрижени дека еден ден додека спиете ќе бидете поплавени од лава, на плашете се. Геолозите велат дека вулканот не е активен, па вашата инвестиција е безбедна. Па, релативно безбедна. Вулканот не е мртов, а знаеме како природата реагира на човековата ароганција. Ако сте вистински авантурист, оваа куќа од 150 квадратни метри сместена во пустината- ќе биде ваш дом од соништата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *