Тест за очи: Проверете колку добро ги распознавате боите

humanvisionfigure7

Дали некогаш ви се случило со некој ваш познаник да се расправате околу тоа каква нијанса е бојата во која гледате?

Далтонизам е вообичаен израз за пореметување на препознавање на бои. Го опишал англискиот научник Џон Далтон на крајот од 18-от век, а врз основа на сопствено искуство бидејќи и самиот имал проблем со препознавање на боите.

Пореметувањето може да се манифестира како:​

1. Ахроматопсија: се работи за мошне ретка аномалија – целосно слепило за бои и лицата кои патат од него не можат да препознаваат ниедна боја, иако имаат нормална острина на видот, но секоја слика која се пренесува во мозокот ја гледаат во црно-бели тонови;​

2. Дихроматопсија: лицата кои го имаат ова пореметување во препознавањето на бои не можат да препознаваат една од основните (црвена, зелена или сина – протанопија, деутеранопија, тританопија);​

3. Аномална трихроматопсија: намалена е чувствителноста за една од трите основни бои и лицето таа боја ја препознава поинаку од нормалното чувствување (протаномалија, деутераномалија, тританомалија).​

Постојат огромен број на луѓе кои спаѓаат во третата група, но не се ниту свесни за тоа. Вистината е дека ваквото непрепознавање не е воопшто страшно, ниту пак може некако значајно да влијае врз животот на оние кои го имаат.

Доколку сакате и вие да го испитате вашиот вид, ви го препорачуваме тестот Ishihara, кој е најчесто употребуван при ваквите испитувања. Тестот можете да го пронајдете со клик – тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *