Темелно чистење на домот – совети и трикови

woman-cleaning

Имаме продолжен викенд и сигурни сме дека многу од вас ќе го искористат за темелно чистење на домот. Не мислете дека ова е залуден начин да го поминете времето за одмор – чистењето поволно влијае на психичката состојба, а притоа ќе потрошите по 115 калории на секој час.

Па, на крајот на денот ќе добиете чист и свеж дом, добро расположение, а ќе ги согорите и калориите. Еве неколку совети како да го извршите чистењето побрзо и потемелно.

Кујна

Кујната секогаш треба да биде беспрекорна, бидејќи во спротивно може да стане извор на зарази и бактерии. А тоа сигурно не го сакате! Прво и основно правило кај чистењето на кујната е да имате посебна крпа за чистење на сите површини. Не е препорачливо со иста крпа да го избришете мијалникот, а потоа даската за сечење. Исто така, имајте на ум дека влажните места се најголем извор на бактерии и дека задолжително треба да се менува сунѓерот за миење садови секоја седмица. Дополнително исполирајте ги славините со половина лимон, а вратете го сјајот на мијалникот со помош на маслиново масло кое ќе го втриете со мека крпа.

Тоалет

Друго место во вашиот дом на кое треба да се обрне посебно внимание е тоалетот. Секогаш е мокро па постои голем ризик од развој на бактерии. Внимавајте даската секогаш да биде спуштена пред секое пуштање вода, а чистете ја WC школката со еко средство за чистење.

Бидете темелни кога станува збор за плочките, особено околу кадата. Измешајте прашок за пециво и сок од еден лимон, истријте ја површината и избришете со хартиени крпи. Внимавајте и на тушот кој може да биде извор на различни болести и бактерии. Ставете ја батеријата од тушот во оцет, ставен во пластична ќесичка, заврзете ја и осавете да отстои во текот на ноќта. Следното утро темелно измијте ја.

Дневна соба

Најголема задача во дневната соба е гарнитурата за седење, прашината и подовите. Се треба редовно да се одржува. Гарнитурата за седење, во зависност од материјалот можете да ја поминете со правосмукалка, а доколку е кожна или од вештачка (еко) кожа, можете да ја исполирате со обични влажни марамчиња.

Кога бришете прашина почнете од највисоките полици надолу и задолжително исперете ја крпата по секое бришење.

Што се однесува до подовите, се препорачува благо да ја натопите крпата во благо средство за чистење паркети и да го пребришете подот, а потоа добро избришете со сува крпа.

Спална соба

Постелнината треба да се менува еднаш во неделата и да се пере на 60 степени или повеќе. Исто така секое утро треба кратко да ја проветрите просторијата. Перниците задолжително треба да се менуваат на секои две години доколку сакате здрав сон, а душекот треба да го поминете со правосмукалка барем два пати месечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *