Тажниот Бетмен (Бен Афлек) ги насмеа интернет троловите

800

Во тек се критиките на долгоочекуваното филмско остварување „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, и сега за сега, не се воопшто добри. Двајцата омилени супер јунаци се чини дека создадоа разочарувачка комбинација, предизвикувајќи одобрувачки рејтинг од само 30% од читателите на Rotten Tomatoes.

800 (1)

Со оглед на тоа што во филмот беа вложени 250 милиони долари, ова мора да се навистина неочекувани вести за тимот кој застана зад него, а двајцата главни актери, Бен Афлек и Хенри Кавил, не можат ниту да го сокријат ова каде и да се појават.

800 (2)

Она што особено го привлече вниманието на филмските интернет „тролови“, е интервјуто каде тие даваат дипломатски одговор на прашањето поврзано со негативните критики. Имено, додека Кавил зборува, Афлек се „занесува“ во бесконечно долг поглед во подот. Како што ќе можете и самите да забележите, иако тој физички е присутен на интервјуто, сепак, не може исто да се каже и за неговите мисли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *