Американскиот режисер досега неколку пати повтори дека ќе престане да режира по десеттиот филм. Неговиот вестерн филм “The Hateful Eight“, кој за некој ден ќе почне да се прикажува во кината, е негов осми филм.
„Обично ми требаат три години за да направам филм, значи дека со оваа работа ќе се занимавам уште околу 10 години“ изјави Тарантино. “Едниот филм секако ќе биде гансгстерски, а вториот хорор“.
Во продолжение погледнете го најавното видео за “The Hateful Eight“: