Статуа на Ленин трансформирана во Дарт Вејдер

lenin-monument-darth-vader-wifi-odessa-alexander-milov-4

Како резултат на одлуката за отстранување на комунистичките симболи во Украина со одобрение од претседателот Порошенко, статуата на Ленин во една фабрика во Одеса беше „декомунизирана“ во Дарт Вејдер.

Според програмата за декомунизација сите советски споменици, освен оние кои се однесуваат на Втората светска војна, мораат да бидат размонтирани, а сите јавни места кои носат комунистички имиња, мораат да бидат преименувани. Но работниците во фабриката побарале да не се отстранува статуата, туку да се замени со нешто друго.

За трансформацијата се погрижил украинскиот скулптор Александар Милов, па сега дворот на фабриката го краси статуата на Дарт Вејдер со вграден Wi-Fi сигнал во главата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *