Станиќ се повлече од српската ракометна репрезентација

572_1382519631

Ден по испаѓањето на ракометната репрезентација на Србија од Европското првенство 2016, во Полска, првиот голман Дарко Станиќ се повлече од понатамошните настапи во репрезентативниот дрес.

„Болно и тешко, но слатко“, вели „министерот за одбрана“, Дарко Станиќ, за порталот Balkan-handball.com.

Момчето од Мојковац, еден од симболите на српскиот државен тим наназад осум години, го одигра последниот натпревар во државниот дрес, а одлуката ја соопшти еден ден по елиминацијата на ЕУРО 2016.

„Кога заминував минатиот пат, барав одмор, за да погледнам сè од друг агол. Се вратив затоа што луѓето мислеа дека можам да помогнам, но и затоа што имам чувство, должност, но и тоа го сакав. Се дадов себеси и ја заокружив репрезентативната приказна. Отидов по природен пат. Ова е моето официјално простување. Дадов што имав. Не гледам дека моето давање на теренот сега менува нешто во моментот. Треба да дојде некој со нова енергија и со некоја нова искра“.

На прашањето за негови наследници, Станиќ вели дека Марјанац долго е втор голман, и дека треба да се види како ќе функционира како прв.

„Никој не може да каже дека нема квалитет. Можеби човекот никогаш не доби вистинска шанса, затоа што секогаш беше во улога на втор голман. Можеби и овој малиот од Каќ, Милосављев. Зошто некој да не брани со 18 години“, додава Станиќ.

Како кус заклучок на кариерата од Пореч до Краков, вели дека е болно и тешко, но слатко. „Сè е помешано. Кога се бориш за државата, кога се тука поразите, кога има многу порази, а малку победи, тоа мораш достоинствено да го трпиш. Самата битка и влогот во таа битка сами по себе се вредни. Без неа сè би било празно. Тој пораз, сепак, исполнува“, вели Станиќ.

Ден пред последниот натпревар на Србија на ЕУРО 2016, од репрезентацијата си замина и голманот Славиша Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ на социјалните мрежи објави дека никако не можел да се вклопи со првиот голман Дарко Станиќ, но и дека не можел да го трпи неодговорното однесување на некои поединци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *