Совршени собни растенија за кои не е потребна посебна нега

5-indoor-houseplants-you-cant-kill-2-size-3

Сакате да одгледувате билки во домот, но се плашите дека ќе заборавите да ги навадите или ќе ги уништите со претерана нега?

Сакате да гледате слики од убаво уредени домови и забележавте дека на повеќето од нив се наоѓаат интересни собни растенија, па би сакале да го разубавите и вашиот дом со зеленило, но не знаете кои билки добро успеваат во стан, особено ако немате многу време да се занимавате со градинарство.

Еве неколку предлози за собни растенија кои не бараат многу нега:

Замија

Поради сјајните листови ќе добиете впечаток дека се работи за пластично растение, но ова е едно од најпогодните растенија за вашиот дом. Успева и на места кои не се  изложени на дневна светлина, а можете да го полевате на секои две седмици.

1457987120-5g8i7xgtu8xz5rpqeabyi5fsmvntkdie0mhgippunelppw12tfnkunq-z6rrymse9hl8baw1850-h840

Филодендрон

Доколку сакате домот да ве потсетува на џунгла, филодендронот е вистински избор за вас. По бојата на листовите ќе видите дали премногу го полевате растението (тие ќе станат кафени) или премалку (ќе пожолтат). Доволно е да се сетите да го навадите на секои седум денови.

iStock_000016415086_Medium-660x439

Кливија

Ова растение цвета во текот на зимата и кога нема многу дневна светлина.

Clivia-miniata-2

Сансеверија

За оваа убавица може да се каже дека е неуништива. Ако ви овене тоа значи дека сте и посветиле премногу внимание.

iStock_000032399848_Medium-660x985

Чувар куќа

Ова растение сака сонце, не бара пречесто полевање, неговиот корен не бара многу простор, па можете да посадите неколку во една саксија. Најидеално е да ги чувате на надворешната страна од прозорецот.

sempervivum_tectorum_isella__10929.1445017800.740.740

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *