Совршен појадок – бротче сендвич!

bb623cd8eef938f3a00f30dc5b1cb77e(1)

Време е да го поставите појадокот на гурманско ниво! Подгответе си бротче сендвич за појадок!

Потребни состојки (4 порции):

  • 4 француски лепчиња (или подолги кифли)
  • 5 јајца
  • 1/3 шолја павлака за готвење
  • 120gr сланина
  • 85gr кашкавал
  • 2 млади кромидчиња
  • сол и бибер

 

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Издлабете ги лепчињата или кифлите, така што од нив ќе направите
бротче (но внимавајте да не ја отстраните целата средина).

2. Изматете ги јајцата заедно со павлаката за готвење.

3. Исецкајте ја сланината на ситни парчиња и испечете ја да биде крцкава (не додавајте масло).

4. Изрендајте го кашкавалот и заедно со сланината додадете го во смесата од јајца и павлака. Додадете младо лукче, а потоа и сол и бибер по желба.

5. Распоредете ја смесата во бротчињата, и ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Печете 20-25 минути. Оставете да се изладат 5-10 минути исечете ги на парчиња и послужете.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *