Совршен дневен план за губење на килограмите без мака

?????????????????????

Губењето на вишокот килограми не подразбира мачење, одрекување од омилената храна и повеќечасовно препотување во фитнес центар 3-4 дена неделно. 

Експертите за здравје и витка линија советуваат воведување на одредени секојдневни навики кои на долг рок ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми или да ја задржите витката линија без изгладнување.

Секој ден е прилика за тоа – секој час може да ви донесе повеќе согорени калории!

Планот кој ви го претставуваме денес е совршена дневна рутина за вработените. Обидете се да го следите во согласност со вашите дневни обврски и наскоро ќе забележите одлични резултати.

6:00 – Веднаш по будењето напијте се една чаша вода. Ова ќе го хидрира вашиот организам и ќе го разбуди метаболизмот. Потоа изедете некои здрави грицки богати со јаглехидрати со малку протеини како што е половина банана или една шолја лешници. Ваквите намирници внесени веднаш по будењето исто така го забрзуваат метаболизмот, го будат организмот и активираат согорување на енергијата.

Исто така, ако имате време и волја најдобрата работа која може да ја направите по будењето е вежбање, барем половина час. Ова е апсолутно најдобар дел од денот за физичка активност бидејќи вежбањето по будењето ќе го активира и забрза метаболизмот и ќе го одржи активен во текот на целиот ден, па ќе обезбедите поголемо согорување на калориите.

7:00 – Истегнете го телото по туширањето. Сега е време и за енергетски појадок богат со протеини и влакна. Не плашете се да внесете здрави јаглехидрати бидејќи ако ги јадете рано наутро ќе добиете време во текот на денот потребно за нивно согорување.

8:00 – Подгответе здрав ручек за подоцна – треба да содржи нискомасни протеини, влакна, свеж зеленчук, житарки од цели зрна и овошје за десерт.

9:00 – Наполнете едно шише со вода кога ќе пристигнете на работа и пијте во текот на работното време. За слабеење е потребна постојана хидратација на организмот.

10:00 – Направете пауза за да изедете ужинка богата со влакна и на тој начин да обезбедите дополнителна енергија за следниот период.

11:00 – Одвојте неколку минути да го пополните својот дневник за исхрана и вежбање. Внесете што сте изеле во текот на утрото за да имате увид во тоа уште колку калории треба да внесете.

12:00 – Раздвижете се! Искористете ја паузата за шетање со колегите или направете неколку вежби за истегнување – направите каква било физичка активност.

13:00 – Се сеќавате ли на ручекот кој го приготвивте? Време е да почнете да го јадете. Уживајте во него со најдобриот пијалок за губење на килограмите – чаша вода!

14:00 – Ако можете искористете го попладневниот состанок или деловниот разговор на нозе. Неопходно е на секои два часа да станувате од столчето и да ги протегнете мускулите.

15:00 – Земете здрава ужинка до 150 калории. Потребна ви е енергија и потребно е да го задржите нивото на шеќер во крвта стабилно.

16:00 – Заменете го попладневното кафе со шолја зелен чај. Зелениот чај го намалува чувството на глад и го забрзува метаболизмот.

17:00 – Во зависност од тоа колку е оддалечено вашето работно место од домот, потрудете се еден дел од патот да го поминете пешки или со велосипед. Ова дополнително ќе ги согори калориите и ќе ви помогне да се ослободите од стресот.

18:00 – Направите нискокалорична вечера базирана на зеленчук. Ставете ја во чинија количината која планиравте да ја изедете, а останатиот дел тргнете го за да не паднете во искушение да си ставите уште.

19:00 – Додека ги миете забите направете неколку вежнби – ова ќе го забрза метаболизмот и ќе ви помогне да ги затегнете мускулите.

20:00 – Ако сакате да се опуштите пред телевизорот, правете стомачни вежби за време на рекламите.

21:00 – Подгответе ја опремата за утринското вежбање. Доколку си легнувате порано подгответе се за спиење – повторно во комбинација со вежбање.

22:00 – Сместете се во кревет бидејќи доволно сон и одмор е најважниот предуслов за добра линија и слабеење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *