Состојки кои треба да ги барате во природните производи за нега на кожата

NaturalBeautyIngredients-850x400

Научните истражувања го потврдија тоа што билкарити го знаат многу долго време: природните и ботаничките екстракти можат да дадат одлични резултати кога станува збор за нега на кожата.

Потрошувачите сега бараат производите за нега на кожата да им дадат забележителни резултати и тргнаа во потрага по ефикасни, природни состојки на етикетите. Кога купувате природни производи за нега на кожата, побарајте ги овие состојки:

1. Лецитин

Лецитинот е фосфолипид, кој генерално се добива од сончоглед или соја (или жолчки од јајце), како лецитин, но исто така се наоѓа и во маслиновото и лешниковото масло. Зошто е ова состојка толку неверојатна?  Лецитинот претставува клучен градежен материјал на клеточните мембрани чија улога е да ги пропушта хранливите материи во клетките и да ги елиминира штетните материи од клетките. Лецитинот ги заштитува клетките и мембраната од оштетувањето од слободни радикали, за кои се смета дека се една од главните причини за стареење.

2. Хијалуронска киселина

Хијалуронската киселина се наоѓа во кожата, сврзното и нервно ткиво, и ја прави кожата да изгледа цврсто и здраво. Оваа состојка го подобрува изгледот на сувата или оштетена кожа со зголемување на содржината на влага и враќање на еластичноста. Таа често се употребува во хидратантните креми и кремите против брчки поради својот хидратантен потенцијал и служи за дополнување на водосврзувачкиот капацитет на кожата.

6a0112796f38d028a4017d415bfba1970c

 

3. Витамин Е (Токоферол)

Витаминот Е често се среќава во составот на кремите и лосионите како природен антиоксиданс, бидејќи спречува маслата и путерите во овие креми да се расипат премногу брзо. Витаминот Е исто така ја штити кожата од штетното дејство на слободните радикали.

4. Салицилна киселина

Добиена од кората на врбата, салицилната киселина е растворлива во масло а со тоа и да се вклопи со природните масла на кожата, да навлезе во порите каде што се раствора и ги отстранува мртвите клетки од кожата кои ги затнуваат порите и предизвикуваат мозолчиња.

salmon+oil+capsules+omega+3-620x330

5. Есенцијални масни киселини

Иако есенцијални масни киселини се од суштинско значење за добро здравје, ние мора да ги внесуваме бидејќи нашето тело не може да ги произведе.Есенцијалните масни киселини помагаат за одржување и обновување на кожата и имаат анти-воспалителен ефект.

6. Коензим Q10

Познат и како убиквинон, коензимот Q10 е присутен во сите клетки на нашето тело. Научниците покажаа дека Q10 се бори против знаците на стареење и ги намалува брчките. Најновите истражувања покажуваат дека локална апликација има антиоксидантни и анти-воспалителни ефекти.

Следниот пат кога ќе купувате природни производи за нега на кожата, не заборавајте да ги побарате овие 6 состојки ако сакате да добиете максимум од она што ќе го нанесете на вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *