Солено суфле со спанаќ

23193_l

Доколку ви се здосадени класичните рецепти кои ги приготвувате за појадок задолжително пробајте го нашиот денешен рецепт. Станува збор за солено суфле со спанаќ!

Потребни состојки:

  • 4 жолчки
  • 4 белки
  • 5 лажици путер
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 лажици презла
  • 1 праз
  • 1 чешне лук
  • 4 лажици брашно
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји свеж спанаќ
  • половина шолја рендан кашкавал
  • сол и бибер
  • мускатно оревче

Подготовка:

1. Вклучете ја рерната на 200 степени. Премачкајте го дното на калапите за мафини со путер и додатете малку пармезан и презла. Во еден сад ставете 4 лажици путер и растопете го на тивок оган. Зачинете со сол, бибер и малку мускатно оревче.

2. Испржете го празот на путерот, па додадете брашно и благо пржете го како за запршка. Постепено додавајте млеко постојано мешајќи додека не се згусне смесата. При крајот додадете го спанаќот и оставете неколку минути да се покрчка. Тргнете го садот од оган, додадете го ренданиот кашкавал и оставете малку да се олади пред да ги додадете жолчките една по една.

3. Во друг сад изматете ги белките. Потребно е смесата да биде цврста но без грутки кои настануваат ако премногу ги матите. Пренесете ја смесата со жолчките во садот со белките и мешајте додека сите состојки не се соединат.

4. Поделете ја смесата во калапите за мафини и печете половина час на централната позиција во рерната. Послужете додека е топло. Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *