Сочни чоколадни колачи од само две состојки

201877264854da03c0a8a8f155044550_w640

Велат дека љубовта доаѓа преку стомакот, па доколку се уште му немате подготвено никакво изненадување на вашиот партнер за Денот на вљубените, ние ви нудиме идеално решение. Подгответе ги овие брзи и лесни чоколадни коцки, за кои ќе ви бидат потребни само две состојки. Имајте предвид дека не се потребни некакви особени кулинарски вештини, и дека дури и без нив резултатот ќе биде импресивен.

Потребни состојки:

– 4 јајца
– 250 г. Нутела (или друг вид на крем)

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени, а во калапот со димензии 20 x 20 центиметри, ставете хартија за печење.

2. Јајцата матете ги 5-7 минути, во зависност од јачината на миксерот или додека значително не им се зголеми волуменот.

3. Нутелата (или некој друг вид на крем) ставете ја во сад кој ќе го ставите во микробранова печка, и загрејте ја 60 секунди. Откако ќе го направите ова, измешајте ја, и постепено додадете ја во разматените јајца, постојано мешајќи.

4. Подготвената смеса истурете ја во калап за печење, и ставете ја во рерна на 30 до 35 минути. Дали колачот е готов проверете со помош на чечкалица (доколку остане чиста откако ќе ја боцнете смесата, доволно е).

5. Оставете да се олади, и пресечете на коцки.

Совет:

Колачите можете да ги посипете со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *