Социјалните мрежи за нападот во Париз: Фејсбук активираше „сигурносна ознака“, Твитер помага во згрижување на најзагрозените

1111

Фејсбук активираше „сигурносна ознака“ која ви овозможува да означите дека сте на сигурно, и во исто време да ги проверите вашите пријатели и фамилијата.

„Моите мисли и молитви се со фамилиите на загинатите и повредените во Париз. Насилство како ова нема место во ниту еден град или држава во светот“, објави на својот фејсбук профил Марк Цукенберг.

Твитер корисниците го активираа хаш-тагот #PorteOuverte (отворена врата), преку кој се нуди сместување на сите повредени и бездомниците кои се надвор на улиците за време на терористичките напади.

На сличен начин функционираат и #PrayforParis и #ParisAttacks каде милиони луѓе во секоја минута испраќаат над 5,000 објави во знак на поддршка и молитви за граѓаните на Париз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *