Сочен „bounty“ ролат

chocolate-roll(2)

Ако сте љубители на кокос овој колач ќе ви ги разбуди сите сетила! Се приготвува за половина час, а сите кои ќе го пробаат ќе сакаат да го дознаат рецептот.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 160г шеќер
  • 90г брашно
  • 70г растопен путер
  • 30г какао

За фил:

  • 800мл млеко
  • 150г шеќер
  • 50г скробно брашно
  • 2 жолчки
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 250г. путер
  • 250г. кокос

Подготовка:

Во еден сад ставете половина литар млеко, додадете шеќер и кокос и откако смесата ќе проврие, намалете ја температурата и варете уште 15 минути, па додадете го целиот путер и почекајте целосно да се растопи. Изматете ги жолчките, додадете го останатиот дел од млекото, ванилата и на крајот и брашното и прелијте ја оваа смеса во смесата со млеко и кокос и со постојано мешање варете додека не се згусне смесата. Откако ќе се излади на собна температура ставете ја смесата во фрижидер за да се зацврсти во текот на ноќта.

Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги белките додавајќи шеќер малку по малку и откако ќе добиете сјајна смеса додадете ги и жолчките и матете со миксер додека состојките не се соединат. Додека матите додадете и претходно растопен путер. Измешајте ги брашното и какаото и постепено додавајте ги во смесата.

Израмнете го тестото и печете на 180 степени околу 15 минути или во зависност од јачината на вашата рерна. Откако тестото целосно ќе се олади треба внимателно да го одвоите и да го намачкате со фил. Замотајте го ролатот во фолија и почекајте целосно да се зацврсти (во фрижидер). Ролатот може да го прелиете со чоколадо по желба или кокос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *