Со туширање против целулитот

Woman-cold-shower

Ова е навистина малку непријатен третман за елиминирање на целулитот, но е многу делотворен.

Се наближуваат потопли денови кога ќе носиме кратка облека. Секој сака да изгледа што подобро и да ги елеминира вишокот килограми и целулитот кој се создал во зимскиот период.

Станува збор за туширање топло-ладно, познато и како контрастно туширање.

Погледнете на кој начин овој третман влијае врз намалувањето на целулитот и зошто е толку ефикасен.

Топлиот млаз влијае на проширувањето на крвните садови, а ладниот млаз ги стеснува. И едното и другото позитивно влијаат на здравјето, па затоа комбинацијата на топол и ладен млаз во текот на туширањето е одличен третман против целулитот бидејќи ја подобрува циркулацијата и со самото тоа влијае на поефикасна детоксикација на клетките.

Како влијае контрастното туширање?

Контрастното туширање ја зајакнува лимфната дренажа и враќањето на крвта кон срцето. Тоа влијае на поефикасно ослободување од токсини и штетни материи од клетките кои преку крвотокот се насочуваат кон црниот дроб и бубрезите и се исфрлаат од организмот.

Целулитот настанува како последица од 6 фактори – ослабната циркулација и лимфна дренажа, хронични воспаленија, насобирање на токсини, опуштање на кожата, насобирање на масти и слаба регенерација на ткивата. Кога се туширате наизменично со топол и ладен млаз директно влијаете на првите 3 фактори – ја подобрувате циркулацијата на крвта, ткивата добиваат повеќе кислород и хранливи материи додека истовремено се ослободуваат од токсини и штетни материи. Третманот ќе ја подобри и работата на метаболизмот, а со тоа ќе се намалат мастите и целулитот.

Ладната вода на вашето тело поттикнува ослободување на норадреналин и норепинефрин – хормони кои се клучни за регулирање на масното ткиво. Меѓутоа туширањето само со ладна вода нема да го има посакуваниот ефект. Ќе развиете толеранција на делувањето на ладната вода и дејството нема да биде слично како кај наизменичното туширање со топла и ладна вода.

Топлата вода поттикнува ширење на артериите и вените, што поттикнува поголемо внесување на хранливи материи и кислород во клетките. Од друга страна, топлата вода навлегува во ткивата па потешко се елиминираат токсините од телото. Тоа може да предизвика несакани последици како што се задржување на вода  во телото и хронични воспаленија.

Затоа најдобро решение е да го комбинирате топлиот и ладниот млаз во текот на туширањето. Не мора да правите нагли промени на температурата. На пример, почнете да се туширате со топла вода па постепено менувајте ја кон ладна. Потоа постепено вратете ја кон топла и така наизменично до крајот на туширањето. Се препорачува туширањето да го завршите со ладна вода за дејството да трае што подолго.

Ако сакате навистина максимално да го искористите туширањето во борбата против целулитот, при наизменичното туширање масирајте се со ракавица за туширање. Правете кружни движења на критичните места.

На почетокот може да биде непријатно но набрзо ќе се навикнете на овој третман.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *